Градоначалникот на Кисела Вода информира дека вчера официјално е пуштен во употреба фудбалскиот стадион „ССК“ во населбата Драчево.
-Заврши долгогодишната негрижа за овој спортски терен во Драчево кој во минатото беше едно од спортските одбележја на Кисела Вода, каде во минатото се прославиле доста звучни имиња во македонскиот фудбал – напиша Ѓорѓиевски во неговата објава.
Со оваа реконструкција, стадионот доби девет целосно нови соблекувални, нова теретана и туш кабини, нова ограда околу целиот терен, санација на тревната подлога и комплетно ново осветлување со нови рефлектори.