ПРВ.мк

Пропаднаа мировните преговори за Украина во Лондон!?

Пропаднаа мировните преговори за Украина во Лондон!?
Jumbo Banner

Одложени се мировните преговори за Украина кои денеска требаше да се одржат во Лондон.

Неколку министри за надворешни работи најавија дека ќе остуствуваат, соопшти британското Министерство за надворешни работи, иако разговорите на „официјално ниво“ ќе продолжат.

„Со ова се потврдува дека состанокот на мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи се одложува денеска.

Разговорите на официјално ниво ќе продолжат, но тие се затворени за медиумите“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Состанокот ќе се одржи не само без американскиот државен секретар Марко Рубио, туку веројатно и без министрите за надворешни работи на Франција и Германија, пренесува Sky News.

Според „Скај њуз“, откако беше објавено дека Рубио не доаѓа, се чини дека и Париз и Берлин се откажале од испраќање на свои министри.

Во меѓувреме, американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог, ќе учествува на дискусиите во Лондон со високи претставници од Франција и Германија. Се известува и дека во Лондон доаѓа и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха и ќе има билатерална средба со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

Претходно беше објавено дека американскиот државен секретар Марко Рубио, кој требаше да пристигне во Лондон на средба со министрите за надворешни работи на Украина, Франција и Германија, го откажал патувањето.

Намалувањето на рејтингот на дипломатските преговори доаѓа во време на зголемен притисок од американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим врз Киев и Москва да постигнат прекин на огнот.

Американскиот мировен предлог за кој ќе се разговара во Лондон предвидува американско признавање на илегалната руска анексија на Крим.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно одговори дека Украина нема законски да ја признае окупацијата на Крим бидејќи тоа е забрането со устав.

Соединетите Држави и поднесоа на Украина таканаречен конечен мировен предлог со кој Крим ќе се признае како дел од Русија и неформално ќе се признае руската контрола врз речиси сите територии окупирани од почетокот на инвазијата во 2022 година.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран