Поранешниот шеф на операциите на ЦИА за Европа и Евроазија, Ралф Гоф, излезе со остри коментари за американската стратегија во Украина. Според него, САД ѝ дале на Украина доволно оружје за да може да се одржи на бојното поле и да им нанесе загуби на руските сили, но не и да постигне целосна победа.
Гоф, кој има повеќе од 30 години искуство во ЦИА, смета дека уште од почетокот на војната, Вашингтон и неговите сојузници водат политика што ѝ дозволува на Украина да „се бори и крвари“, но не и да победи. Причината, според него, е стравот дека доколку Русија се најде пред пораз, претседателот Владимир Путин би можел да посегне по нуклеарно оружје.
„Ако ѝ дадевме на Украина вистинско вооружување уште на стартот, можеби ќе можеа да ги избркаат руските сили. Наместо тоа, се создаде ситуација што води кон долга, исцрпувачка војна, каква што гледаме денес“, изјави Гоф во интервју за Њујорк тајмс.