ПРВ.мк
Свет

Полска најде богатство под земја: Откриено огромно нафтено поле до Балтикот!

Полска најде богатство под земја: Откриено огромно нафтено поле до Балтикот!
Escape

Компанијата „Централноевропски петролеум“ (CEP) го пронајде најголемото нафтено поле во Полска во последните десет години – и едно од најважните во Европа. Се наоѓа крај Балтичкото Море, во близина на градот Швиноујшќе, а откритието е направено на бунарот Волин Исток 1 (WE1), околу шест километри од пристаништето.

Прелиминарните анализи укажуваат на 22 милиони тони експлоатирана нафта и кондензат, како и дополнителни 5 милијарди кубни метри природен гас. Целата концесиска површина, која се протега на 593 квадратни километри, би можела да содржи дури 33 милиони тони нафта и 27 милијарди кубни метри гас.

Ако овие податоци се потврдат, Полска би ги удвоила своите моментални нафтени резерви, кои лани изнесувале 20,2 милиони тони. Ова откритие би можело да има големо влијание врз енергетската иднина на земјата.

Mia Home Mavrovo