Пакистански безбедносни извори тврдат дека собориле пет борбени авиони на индиските воздухопловни сили и еден дрон за време на индискиот напад, известуваат дописниците на Си-Ен-Ен.
Според соопштението за медиумите, три француски авиони „Рафал“, еден МиГ-29 и еден СУ-30, како и индиско извидувачко беспилотно летало од типот „Херон“ биле соборени во одбранбена акција.
Истата информација ја потврди и друг висок функционер на пакистанската влада.
Во извештајот не се наведува точната локација или начинот на кој авионите биле соборени. Претходно вечерта, пакистанските власти тврдеа дека собориле три авиони и едно беспилотно летало.
Од друга страна, Индија, пак, својата воена операција во Пакистан, велејќи дека нападите биле „фокусирани и прецизни“ и дека немало напади врз цивилни, економски или воени цели во Пакистан.
„Акциите беа одмерени, одговорни и дизајнирани да не ескалираат“, соопшти индиската амбасада, додавајќи:
„Беа цел само познати терористички кампови“.
Од друга страна, пакистански извори тврдат дека во нападите загинале најмалку осум цивили, вклучувајќи жени и деца, и дека три индиски борбени авиони и еден дрон биле соборени на локации на индиска територија. Си-Ен-Ен не можеше независно да ги потврди овие тврдења.
Во соопштението на индиската амбасада се вели дека „јасно е дека терористите со седиште во Пакистан се одговорни за нападот од минатиот месец во Кашмир“, во кој загинаа 26 лица, претежно туристи.