Олга Љубимова ќе ја претставува Русија на погребот на папата Франциск.
Русија на погребот на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, кој ќе се одржи во сабота, ќе ја претставува министерката за култура Олга Љубимова. Веста ја потврди денеска Кремљ, откако претходно беше објавено дека претседателот Владимир Путин нема да присуствува на церемонијата.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Љубимова ќе отпатува во Ватикан по одлука на претседателот Путин.
Рускиот претседател од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022 година нема остварено ниту една посета на западна земја.
Путин во понеделникот оддаде почит на починатиот папа Франциск, кој почина на 89-годишна возраст, опишувајќи го како „мудар водач и постојан бранител на високи човечки вредности и правда“.
Тие двајцата се сретнаа три пати – за време на кусите посети на Путин на Ватикан во 2013, 2015 и 2019 година.