Елитната единица Кудс при Иранска револуционерна гарда испрати директна закана до Соединети Американски Држави, порачувајќи дека „непријателот повеќе нема да биде безбеден никаде во светот“, па дури ни на сопствена територија. Пораката беше објавена преку иранските државни медиуми во екот на растечките тензии.
Во соопштението се наведува дека неодамнешните ликвидации на високи функционери, меѓу кои и командантот Мохамад Пакпур, нема да ја ослабат земјата. Напротив, според нив, тие настани дополнително ја зацврстиле решеноста на Иран да продолжи со борбата.
Гардата, која функционира паралелно со редовната армија на Иран, вети дека операциите ќе продолжат сè додека, како што наведуваат, противникот не биде поразен.
Реториката дополнително ја засилува глобалната загриженост дека конфликтот може да се прошири надвор од Блискиот Исток. Со оглед на влијанието што оваа воена структура го има во регионот, изјавата се толкува како предупредување дека следната фаза би можела да има пошироки, меѓународни последици.


















