ПРВ.мк

Нетанјаху против Трамп? Израел разгледува опција за ограничен напад врз Иран

Нетанјаху против Трамп? Израел разгледува опција за ограничен напад врз Иран
Jumbo Banner

Израелските власти разгледуваат опција за изведување ограничен напад врз Иран, кој, според последните проценки, би барал помала поддршка од САД одошто првично се планираше. Овој нов пристап би бил значително поограничен од претходните предлози доставени до Вашингтон.

И покрај неодамнешните сигнали од американскиот претседател Доналд Трамп дека САД засега не се подготвени да поддржат воен удар, Израел не ја исклучува можноста да дејствува самостојно, особено кога станува збор за иранските нуклеарни постројки.

Според информации на „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на израелски функционери, се разгледуваат неколку сценарија – од воздушни напади до специјализирани акции на командоси – со цел да се одложи или попречи напредокот на иранската нуклеарна програма, макар и на ограничен временски период.

Во меѓувреме, американски и ирански преговарачи денеска во Рим ја започнаа втората рунда прелиминарни разговори, со цел дипломатски да се надмине кризата. Сепак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху останува дециден – нуклеарна програма во Иран нема да биде прифатена под какви било услови, дури и ако тоа значи дејствување без директна американска интервенција.

Нетанјаху јавно повтори дека Израел го задржува правото сам да преземе акција со цел да го спречи Техеран да се здобие со нуклеарно оружје.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран