ПРВ.мк
Свет

Неочекуван потег: Санкционирана нафта од Венецуела завршува во оваа држава!

Неочекуван потег: Санкционирана нафта од Венецуела завршува во оваа држава!
Kristal

Според информации од извори блиски до Белата куќа, Венецуела се согласи да испорачува својата санкционирана нафта на Соединетите Американски Држави на неопределено време, јавува „Си-ен-би-си“.

Одлуката следи по вчерашната објава на американскиот претседател Доналд Трамп, кој истакна дека почетната пратка ќе изнесува од 30 до 50 милиони барели и ќе се продава по пазарни цени.

– „Ќе ги контролирам тие пари како претседател на Соединетите Американски Држави, за да се осигурам дека средствата ќе се користат за доброто на народот на Венецуела и на САД“, порача Трамп преку социјалните мрежи.

Според изворите, оваа транша од 50 милиони барели е само почетна, а испораките ќе продолжат неограничено. Американските санкции против Венецуела ќе бидат селективно укинати за да се овозможи транспорт и продажба на нафтата на глобалните пазари, додека приходите од продажбата ќе бидат депонирани на сметки под контрола на САД. Средствата ќе ѝ се враќаат на Венецуела само по одлука на американската страна.

Овој план го потврди и американскиот министер за енергетика, Крис Рајт, на конференција организирана од Голдман Сакс во Мајами.

– „Ќе ја пласираме на пазар суровата нафта што доаѓа од Венецуела. Прво заостанатата, складирана нафта, а потоа неограничено и тековната продукција ќе ја продаваме на светскиот пазар“, изјави Рајт.

Досега, големи количества од санкционираната венецуелска нафта најчесто завршуваа во Кина, но сега ќе бидат пренасочени кон САД. Танкерите ќе ја транспортираат нафтата директно до американските пристаништа, како што потврди Трамп.

Венецуела, една од основачките членки на ОПЕК, располага со најголемите докажани резерви на сирова нафта во светот, но моментално произведува околу 800.000 барели дневно. За споредба, САД произведуваат околу 13,8 милиони барели на ден.

Оваа стратегија може значително да влијае на глобалните пазари на нафта и цените, истовремено обезбедувајќи САД директен пристап до богатите венецуелски резерви.

FixCredit
Escape