ПРВ.мк

Нападната руска фабрика за дронови длабоко во територијата на Русија

Нападната руска фабрика за дронови длабоко во територијата на Русија
Jumbo Banner

Украинските вооружени сили денеска соопштија дека извршиле напад врз руски објект за производство на беспилотни летала во градот Јелабуга, над 1.000 километри оддалечен од границата со Украина.

„Познато е дека е оштетена производствената линија за финално склопување на беспилотни летала“, стои во соопштението на украинската армија објавено на Телеграм.

Фабриката, според украинските податоци, има капацитет за производство на 300 дрона дневно.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран