ПРВ.мк
Свет

Москва категорично негира дека Алексеи Навални бил отруен - еве што всушност се случило!

Москва категорично негира дека Алексеи Навални бил отруен - еве што всушност се случило!
Kristal

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја оцени како „лажна“ изјавата на пет европски земји (Германија, Обединетото Кралство, Холандија, Шведска и Франција) дека опозицискиот лидер Алексеј Навални починал поради отровен токсин од жаба, познат како епибатидин.

Захарова рече дека западните земји со вакви изјави се обидуваат да го одвлечат вниманието од сопствените внатрешни проблеми. Таа додаде:

„Ќе има резултати од тестови, ќе има формули на супстанции – потоа ќе има коментари. Без ова, сите изјави и разговори се лажни, насочени кон одвлекување на вниманието од итни проблеми на Западот.“

Портпаролката посочи дека веста за Навални дошла „во време кога би било потребно да се презентираат резултатите од истрагата за експлозијата на гасоводот „Северен тек“ од 2022 година, која предизвика голема штета на инфраструктурата што ги поврзува Русија и Германија.“

Во соопштението на петте европски земји се наведува дека заклучокот за отровот е базиран на анализа на биолошки примероци од Навални.

Навални почина во сибирски затвор во февруари 2024 година, додека отслужуваше 19-годишна казна затвор по обвинение за екстремизам. Москва ги отфрла тврдењата за отровот и инсистира на официјалните истражувања.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo