Голем прекин на електрична енергија го зафати јужниот дел на Франција, особено регионот Алп-Маритим, соопштија локалните власти.
Меѓу погодените подрачја е и градот Кан, кој во моментов е домаќин на престижниот Филмски фестивал.
Надлежните служби се мобилизирани и работат на итно обновување на снабдувањето со електрична енергија. Причините за прекинот засега не се официјално соопштени.