ПРВ.мк
Свет

Макрон ја шокира Европа: Франција ќе ја признае Палестина на ОН – Тел Авив бесен!

Макрон ја шокира Европа: Франција ќе ја признае Палестина на ОН – Тел Авив бесен!
Escape

Францускиот претседател Емануел Макрон предизвика политички земјотрес со објава дека Франција официјално ќе ја признае Државата Палестина во септември, на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Објавата предизвика еуфорија во Рамала, а силна осуда од Израел.

Макрон ја нарече одлуката „дел од историската посветеност на Франција за траен мир“, со акцент на итната потреба за прекин на војната во Газа и спас на цивилите. Тој додаде дека палестинската држава мора да биде демилитаризирана и да го признае Израел.

Писмото до палестинскиот лидер Абас содржи уверување дека Франција ќе ги мобилизира своите сојузници за вистински напредок кон мир.

Израелскиот заменик-премиер Левин ја осуди најавата како „црна дамка во историјата на Франција“ и „охрабрување на тероризмот“.

Иако 142 држави ја имаат признато Палестина, Франција е досега највлијателната сила што се приклучува на овој чекор. Поделбата во ЕУ останува – Германија и понатаму се спротивставува.

Mia Home Mavrovo