ПРВ.мк
Свет

КРВАВА НОЌ ПРЕД ЦРКВА: Божиќ претворен во хорор - полицијата со детали!

КРВАВА НОЌ ПРЕД ЦРКВА: Божиќ претворен во хорор - полицијата со детали!
Kristal

Две лица го загубија животот, а уште шестмина се повредени во сериозен вооружен инцидент што се случил синоќа пред црквата „Исус Христос на светците од последните денови“ во Солт Лејк Сити, сојузната држава Јута. Во моментот на пукањето во црковниот објект се одржувала комеморација, што дополнително ја зголемило вознемиреноста кај присутните и локалната заедница, објавуваат американските медиуми.

Според информациите на локалната полиција, од шесте повредени лица, тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба. За состојбата на останатите тројца засега нема официјални детали, бидејќи тие биле транспортирани до болниците со приватни возила, изјави портпаролот на полицијата Глен Милс. Сите жртви се возрасни лица.

Инцидентот се случил околу 19:30 часот по локално време, пред црковниот објект лоциран на улицата „Редвуд Роуд“. Напаѓачот или напаѓачите, според првичните информации, веднаш избегале од местото на настанот. Началникот на полицијата на Солт Лејк Сити, Брајан Ред, потврди дека до доцна вечерта немало приведени лица со статус на осомничени.

Тој истакна дека сите осум жртви биле застрелани надвор од црквата и дека, според досегашните сознанија, не станува збор ниту за случаен напад, ниту за напад директно насочен кон верската заедница. Истрагата, како што нагласи Ред, се води во повеќе насоки.

Полициските служби активно ги анализираат снимките од безбедносните камери на околните објекти, како и податоците од читачите на регистарски таблички. Неколку лица биле повикани на информативен разговор, но засега никој од нив не е третиран како осомничен.

„Ги следиме сите информации и дојави што ги добиваме. Нашите службеници се целосно посветени и ќе продолжат со работа сè додека одговорните за овој напад не бидат изведени пред лицето на правдата“, изјави началникот Ред.

Поради истрагата, улицата „Редвуд Роуд“ беше затворена за сообраќај до доцна во ноќта, а граѓаните беа повикани да го избегнуваат подрачјето. На местото на настанот беа забележани и американски маршали кои се нашле во близина, но официјално не се вклучени во истражните активности.

Црквата каде што се случил нападот најчесто ја посетуваат верници со потекло од Тонга. Во Јута живее значајна заедница на пацифички островјани, која според пописот од 2020 година брои околу 60.000 луѓе, при што 39 проценти се Тонганци. Во округот Солт Лејк, оваа заедница сочинува околу 2,4 проценти од населението.

Градоначалничката на Солт Лејк Сити, Ерин Менденхол, остро го осуди нападот на вонредна прес-конференција, нагласувајќи дека вакви настани не смеат да се повторуваат.

Се огласи и Црквата на Исус Христос на светците од последните денови. Портпаролот Сам Пенрод изјави дека црквата е целосно свесна за сериозноста на инцидентот, дека соработува со полицијата и изрази благодарност до итните служби за брзата реакција.

Во соопштението од црквата се наведува дека се молат за сите погодени од трагедијата и дека изразуваат длабока загриженост што било кој свет простор, наменет за богослужба, бил изложен на насилство од каков било вид.

По пукањето, на блискиот паркинг се собрале дваесетина вознемирени граѓани кои чекале информации за случувањата, додека полициските екипи го обезбедувале местото. 

FixCredit
Escape