Во Велбург, Баварија, од 1 септември родителите ќе плаќаат по 10 евра за секои 15 минути доцнење при земање на децата од градинка.
По бројни изговори и чести случаи децата да остануваат сами со уморни воспитувачи по затворањето, градот реши да стави крај на неодговорноста.
Прво ќе следат две усни опомени, а потоа и казни. Оваа мерка важи за сите видови градинки и има за цел да ги заштити воспитувачите и самите деца.
Одлуката е едногласно поддржана од градскиот совет, кој по консултации со родителите и персоналот, заклучил: ред мора да има!
Ask ChatGPT