Индиската војска соопшти дека последните напади врз Пакистан биле насочени кон таканаречени „терористички кампови“ – места што, според нив, служеле како центри за регрутација, складирање оружје и обука на милитанти.
Според главниот секретар на индиското Министерство за надворешни работи, Викрам Мисри, разузнавачките информации покажале дека се подготвуваат нови напади врз Индија, па затоа било неопходно да се реагира превентивно.
Во текот на размената на артилериски оган по должината на спорната граница во Кашмир, во селото Пунч (во индиската држава Џаму и Кашмир) загинаа најмалку 10 лица, а 48 се повредени.
Од друга страна, пакистанската армија соопшти дека бројот на загинати од индиските напади се зголемил на 26, а 46 лица се повредени. Тие тврдат дека индиските сили нападнале и неколку брани на нивна територија.