ПРВ.мк

Кина го возвраќа ударот, им воведе царини од 34 отсто на САД

Кина го возвраќа ударот, им воведе царини од 34 отсто на САД
Jumbo Banner

Кинеското Министерство за финансии штотуку објави дека од 10 април ќе воведе дополнителни царини од 34 отсто за американските стоки.

Во соопштението за печатот тие наведуваат дека царините наметнати од Соединетите Американски Држави за кинески производи „не се во согласност со меѓународните трговски правила“, поради што иницираа официјална постапка против Вашингтон пред Светската трговска организација (СТО).

Оваа одлука доаѓа како директна реакција на најавата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп за воведување на вкупни царини од 54 отсто за кинескиот извоз, вклучувајќи ги и мерките кои се веќе воведени претходно.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран