ПРВ.мк
Свет

КИНА ГО ЛАНСИРА НАЈГОЛЕМИОТ ДРОН ВО СВЕТОТ: Носи 3,5 тони товар и има дострел над 3.000 км!

КИНА ГО ЛАНСИРА НАЈГОЛЕМИОТ ДРОН ВО СВЕТОТ: Носи 3,5 тони товар и има дострел над 3.000 км!
Kristal

Кина успешно го изврши првиот лет на целосно домашно развиениот товарен дрон „Norinko luca“, тежок седум тони, кој се смета за најголема логистичка беспилотна летелица во светот за транспорт на ниски височини.

Леталото полетало од писта долга само 200 метри во провинцијата Хенан, а за време на 30-минутниот тест-лет биле проверени клучните системи, вклучувајќи авионска електроника, електромеханички, погонски и горивни системи.

Дронот може да носи до 3,5 тони товар и располага со товарен простор од 18 кубни метри, што овозможува транспорт на различни видови стоки – од механички делови до медицинска опрема и свежи производи.

Со полн товар, „Norinko luca“ има дострел поголем од 3.000 километри, а може да полетува и слетува на кратки писти. Дополнително, користи интелигентен систем за координација на повеќе летала, што овозможува логистички операции 24 часа дневно.

Модуларниот дизајн овозможува брза адаптација за различни намени, како што се итни интервенции, гранична патрола и електронско извидување.

Главниот конструктор Генг Ѓијанжунг истакна дека овој дрон отвора нови можности за интегриран транспорт земја-воздух и ја позиционира Кина меѓу водечките земји во развојот на тешки товарни дронови.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape