ПРВ.мк
Свет

Катастрофален удар: Циклонот Нарел го зафати делот од светскиот гас што никој не го очекуваше!

Катастрофален удар: Циклонот Нарел го зафати делот од светскиот гас што никој не го очекуваше!
Kristal

Австралија се соочува со сериозна енергетска закана поради циклоничниот удар на Нарел, кој предизвика прекини во работењето на две од најголемите постројки за течен природен гас во светот. Според Chevron, погодените постројки „Горгон“ и „Витстоун“ обезбедуваат околу 5% од глобалното снабдување со течен гас, што ја прави ситуацијата критична за пазарите.

Компанијата веќе работи на обновување на производството, но променливите услови и последиците од циклонот создаваат неизвесност. Во меѓувреме, и производствениот погон „Карата“ на Woodside е погоден, што дополнително го намалува капацитетот за снабдување.

Овој настан доаѓа во време кога глобалниот пазар на енергија е веќе под притисок поради конфликтите на Блискиот Исток, доведувајќи до натамошно зголемување на цените на гасот. Експертите предупредуваат дека нарушувањата во Австралија може да предизвикаат ефект на „домина“ врз снабдувачите и цените низ светот, а обновата на постројките може да трае со недели, зависно од штетите и безбедносните услови.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo