Во јужна Франција беснее голем пожар кој се шири со неверојатна брзина, соопштија локалните власти. Според информациите, најмалку едно лице го загуби животот, додека 1.820 пожарникари се на терен и се борат со огнената стихија.
Поради пожарот, околу 2.500 домаќинства во регионот се оставени без електрична енергија. Францускиот претседател Емануел Макрон преку објава на платформата „Х“ истакна дека сите државни ресурси се мобилизирани за справување со катастрофата.