ПРВ.мк
Свет

Импресивна НАТО вежба предводена од Германија: 14 земји го мобилизираат Балтичкото Море

Импресивна НАТО вежба предводена од Германија: 14 земји го мобилизираат Балтичкото Море

Во Рошток денеска стартува голема воена вежба „Квадрига“, во која учествуваат над 8.000 војници од 14 земји-членки на НАТО. Главната цел е преместување на трупи и опрема од Германија кон Литванија.

Вежбата ја предводи германската морнарица, а покрај Германија, меѓу учесниците се и САД, Велика Британија, Канада, како и сите НАТО земји со излез на Балтичко Море.

Според германската армија, во оваа вежба се ангажирани 40 воени бродови, 20 авиони и над 1.800 воени возила.

Воените активности ќе траат неколку недели и имаат за цел да ја зајакнат мобилноста и оперативната подготвеност на НАТО силите во регионот.

Escape