ПРВ.мк
Свет

(ФОТО+ВИДЕО) ФРАНЦИЈА ВО ПЛАМЕН: На тинејџер му експлодирала бомба во раката, горат институционални згради - еве кој ја уништува државата!

(ФОТО+ВИДЕО) ФРАНЦИЈА ВО ПЛАМЕН: На тинејџер му експлодирала бомба во раката, горат институционални згради - еве кој ја уништува државата!

Франција е зафатена од масовни и насилни протести поради зголемувањето на трошоците за живот и влошувањето на јавните услуги. Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, на улиците низ земјата излегле околу 550.000 луѓе. Организаторите, пак, проценуваат дека бројот на демонстранти достигнал 800.000, бројка што претходно ја соопштил и Студентскиот сојуз.

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нињез изјавил дека протестите се одржале на 110 локации низ земјата. Во Париз се собрале околу 110.000 луѓе, додека во повеќе градови ситуацијата ескалирала во судири меѓу демонстрантите и полицијата.

За време на протестите биле уапсени речиси 400 лица, а Нињез најавил дека во наредните денови се можни и дополнителни апсења. Иако најголемиот дел од учесниците протестирале мирно, на одредени места биле регистрирани насилни инциденти, ограбувања, палење објекти и напади врз јавни институции.

СУДИРИ ВО МАРСЕЈ, ЛИОН И ПАРИЗ

Во Марсеј, вториот најголем град во Франција, полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите. Дел од нив накратко влегле во просториите на градската управа, а на повеќе места дошло до директни судири со полициските сили.

Насилни инциденти биле забележани и во Лион, каде што избувнал пожар во туристичкиот информативен центар. Според Министерството за внатрешни работи, во градот протестирале околу 20.000 луѓе. Додека дел од демонстрантите продолжиле мирно да се собираат, во други делови на Лион избиле судири. Материјална штета била пријавена и во Гренобл, Авињон и други градови.

Полицијата употребила солзавец и во Париз и Стразбур. Во француската престолнина безбедносните сили ги спречиле демонстрантите да се искачат на статуа висока 25 метри на плоштадот Република. Дел од насобраните фрлале камења кон полицијата и извикувале пароли против претседателот Емануел Макрон, барајќи негова оставка. Истовремено, биле изразени и пораки против крајната десница, пренесува Би-Би-Си.

ЗАПАЛЕНА ГРАДСКА УПРАВА ВО ЛИМОЖ

Особено сериозни инциденти биле пријавени во Лимож, каде што група лица ја нападнала зградата на градската управа по завршувањето на студентските демонстрации во саботата, соопштила префектурата.

Според информациите што ги објавиле француските медиуми, дел од учесниците наводно запалиле дрвја и возила пред објектот, по што влегле во зградата. Пожарот предизвикал интервенција на полициските сили, кои ги евакуирале демонстрантите за да им овозможат на пожарникарите да го изгаснат огнот.

Во инцидентите биле запалени и две полициски возила.

ЏЕЈ ДИ ВЕНС ЈА ОБВИНИ ИМИГРАЦИЈАТА ЗА НАСИЛСТВОТО

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, реагирал на случувањата во Франција, обвинувајќи ја имиграцијата за насилството за време на протестите. Во објава на социјалната мрежа Икс тој споделил и видеоснимка на која се гледа како гори градската управа во Лимож.

„Западните либерали го увезоа третиот свет во Франција и во други земји во име на разновидноста и сочувството. Ги игнорираа суштинските прашања за асимилацијата и компатибилноста. Беа предупредени дека тоа ќе доведе до вакво насилство, но не слушаа“, напишал Венс.

Тој исто така повикал Франција, која ја опишал како прекрасна земја со неверојатни луѓе, да го запре насилството пред да бидат уништени уште нејзини знаменитости.

Протестите продолжуваат да предизвикуваат сериозни безбедносни предизвици во повеќе француски градови, додека властите се соочуваат со последиците од судирите, пожарите и оштетувањето на јавниот имот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Најнови вести