ПРВ.мк
Свет

Интернет преплавен со лажни слики од апсењето на Мадуро - дали се беа шпекулации или нова игра?

Интернет преплавен со лажни слики од апсењето на Мадуро - дали се беа шпекулации или нова игра?
Kristal

Неколку минути по саботната рана најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за „масовен удар“ врз Венецуела, социјалните мрежи беа преплавени со лажни и манипулативни содржини, создадени со помош на вештачка интелигенција.

Се појавија фалсификувани фотографии на кои наводно се гледа како американски агенти го одведуваат венецуелскиот претседател Николас Мадуро од авион. Истовремено, кружеле снимки од наводно еуфорични граѓани кои излегуваат на улиците на Каракас и видеа со ракети што паѓаат врз градот.

„Гардијан“ истакнува дека сите овие содржини се лажни и имаат цел да создадат паника и дезинформации меѓу јавноста. Експертите предупредуваат дека вакви случаи на ширење лажни информации стануваат сè почести, особено во ситуации со геополитички ризици, и апелираат за внимателна проверка на изворите на вестите пред нивно споделување.

Ваквите манипулации со вештачка интелигенција ја нагласуваат потребата од медиумска писменост и критичко размислување кај корисниците на интернетот, особено во време на политички и меѓународни кризи.

FixCredit
Escape