Додека светот зборува за модерни системи како Patriot, во сенка се крие враќање на еден концепт стар речиси 30 години – српската „Кошава“. Денешните прецизни ракети GLSDB, кои САД им ги испорачуваат на Украина, се модерна верзија на идејата што Србите ја користеа во војните во 90-тите.
GLSDB комбинира ракетен мотор и навоедена бомба за прецизни удари на голема далечина, слично како Кошава што користеше авиобомби со дополнителен ракетен погон за зголемување на дометот. Српските елитни единици ги користеа овие ракети во конфликтите во Хрватска, Босна и Косово.
Иако Кошава не беше многу прецизна, сепак беше моќно оружје. Денешниот GLSDB нуди прецизност, домет до 150 км и е отпорен на руските електронски противмерки, што дава голема стратешка предност на Украина.
Ова оружје овозможува удари на важни цели во непријателската позадина без ризик за пилотите и скапата авијација. Американско-европската соработка покажува дека дури и стари концепти од 90-тите можат да се модернизираат и да станат клучни во денешните конфликти.
Има ли ново старо оружје што ќе биде оживеано наскоро на бојното поле?