ПРВ.мк
Свет

ЕУ отвори нов фронт против лажните вести: Се формира специјален центар за Украина и Молдавија!

ЕУ отвори нов фронт против лажните вести: Се формира специјален центар за Украина и Молдавија!
Escape

Европската унија ја засилува борбата против дезинформациите во Источна Европа – со отворање на нов регионален центар за Украина и Молдавија, под капата на Европската опсерваторија за дигитални медиуми (EDMO).

Целта на овој нов центар е да ги зајакне капацитетите на двете земји во справување со ширењето на лажни вести, пропаганда и манипулации на дигиталните платформи, особено во контекст на руската агресија врз Украина и зголемените информативни напади врз Молдавија.

Овој потег е дел од стратегијата на ЕУ за одбрана на демократските вредности, поддршка на медиумската писменост и развој на факт-чекерски и истражувачки капацитети во региони каде информациската безбедност е под сериозна закана.

Mia Home Mavrovo