Во шокантен инцидент што се случил на 16 јули во Белвил, менаџерка на синџир за брза храна пукала во мајка на тинејџерка вработена во ресторанот, откако обична расправија за изнесување ѓубре прераснала во насилство.
Сè почнало кога менаџерката Кети М. Бледсо побарала од малолетната вработена да го изнесе ѓубрето, но таа одбила и била испратена дома. Наскоро пристигнала нејзината мајка, Р. МекКинзи, која заедно со ќерката влегла во кујната и се пресметала со менаџерката.
Ситуацијата ескалирала кога МекКинзи ја удрила Бледсо, која потоа извадила пиштол и ѝ пукала во ногата.
Двете жени се обвинети – менаџерката за незаконска употреба на оружје, а мајката за тешка телесна повреда и учество во тепачка. Очевидци велат дека сцената изгледала како од филм.