ПРВ.мк
Свет

Двајца убиени, пет повредени во масовна престрелка

Двајца убиени, пет повредени во масовна престрелка

Ноќеска францускиот град Ница беше потресен од жесток инцидент — две лица загинаа, а уште пет се повредени во престрелка што се случила во еден од проблематичните квартови, јави ДПА.

Градоначалникот Кристијан Естрози објави дека нападот е поврзан со криминал со дрога и дека е употребено автоматско оружје.

По престрелката, полицијата веднаш мобилизираше засилувања за обезбедување на јавниот ред во таа област. Осомничените се во бегство, а истрагата е во тек.

Escape