ПРВ.мк
Свет

ДАНСКА ДАВА НАРЕДБА „ПУКАЈТЕ БЕЗ ДВОУМЕЊЕ“: Гренланд под воена тревога, испратени авиони и елитни сили!

ДАНСКА ДАВА НАРЕДБА „ПУКАЈТЕ БЕЗ ДВОУМЕЊЕ“: Гренланд под воена тревога, испратени авиони и елитни сили!
Kristal

Данска ја подигна безбедносната готовност на највисоко можно ниво, откако министерот за одбрана Лунд Пулсен потврди дека војската добила јасна дозвола да употреби сила без дополнителни наредби. Одлуката доаѓа во момент на зголемени тензии поврзани со Гренланд и пораките што доаѓаат од Вашингтон.

Копенхаген веќе започна со масовно зајакнување на военото присуство на островот. Во регионот се испраќаат борбени авиони, воени бродови и специјални елитни единици, а целта, според министерот, е недвосмислена – целосна заштита на данскиот суверенитет.

Додека дипломатските разговори сè уште траат, Пулсен јавно објави дека сите дански сили во Гренланд добиле „постојана наредба“ за одбрана. Тоа значи дека секој обид за нарушување на територијалниот интегритет или преземање контрола со сила ќе се смета за директен напад и ќе биде пречекан со воен одговор.

Посебен фокус ќе биде ставен на заштита на критичната инфраструктура и координација со можни сојузнички сили, но пораката е јасна: Данска нема да стои настрана ако нејзината територија биде загрозена.

Аналитичарите предупредуваат дека оваа одлука ја враќа безбедносната политика на ниво кое не е видено со децении. Се повикува стара директива од времето на Студената војна, според која командантите на терен имаат право веднаш да дејствуваат во случај на напад – без чекање одобрение од главниот град.

Според експертите, ова е најострото можно предупредување дека секој едностран потег во Гренланд може да ја турне ситуацијата во отворен вооружен конфликт.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo