ПРВ.мк
Свет

Турција со моќен потег – гради фабрика за муниција! Eве ги деталите

Турција со моќен потег – гради фабрика за муниција! Eве ги деталите

Турција официјално започнува со изградба на првата фабрика за муниција во Косово, потврдува порталот EUalive. Овој потег го означува најголемиот воен проект на турската држава во регионот, а ќе го спроведе турскиот државен воен гигант КМЕ, кој веќе потпиша договор со косовските власти.

Според планот, фабриката ќе има производствен капацитет од околу 20 милиони парчиња муниција годишно, што ќе ѝ даде на Косово сериозна воена и индустриска предност. Проектот е во напредна фаза и се очекува да биде завршен следната година.

КМЕ не само што ќе ја изгради фабриката, туку ќе обезбеди и сеопфатна техничка и производна обука за локалните експерти. Во договорот е предвидено Турција да испорача современи машини за производство на муниција, линија за склопување, лаборатории за тестирање и опрема за одржување и поправка – целосен систем што ќе го подигне Косово на ново технолошко ниво во одбранбената индустрија.

Оваа иницијатива е директен резултат на изјавата на косовскиот премиер Албин Курти, кој уште лани најави планови за фабрика за муниција и лабораторија за беспилотни летала, со цел создавање посилна и самостојна одбранбена инфраструктура.

Во последните години, воената соработка меѓу Турција и Косово доживува експанзија. Косово веќе ги купи прочуените турски дронови „Бајрактар“ во 2023 година, а годинава доби и илјадници дронови-самоубијци од истата компанија Бајкар.

Премиерот Курти изјави дека ова е контрамерка на територијалните претензии на Србија, опишувајќи ја новата фабрика како „бедем против заканите од соседна Србија“. Од друга страна, Белград ваквите потези ги гледа како дел од албанската агресивна политика во регионот, што дополнително ја зголемува тензијата на Балканот.

Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Escape