ПРВ.мк
Свет

Кремљ откри зошто замолкнаа преговорите за Украина!

Кремљ откри зошто замолкнаа преговорите за Украина!
Kristal

Додека светот со нетрпение чека крај на воените дејствија, дипломатските маси во Женева и Абу Даби останаа празни. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, конечно ја прекина тишината, појаснувајќи дека прекинот на трипартитните преговори меѓу Русија, Украина и САД е само „ситуациска пауза“. Според Москва, главниот виновник за овој застој е Вашингтон, кој моментално е премногу фокусиран на хаосот во Иран за да и се посвети на украинската криза.

Иако големите преговори се на чекање, Песков открива дека зад затворени врати сепак се работи. Додека главната трипартитна група паузира, паралелно функционираат други формати на комуникација. Русија и Украина, и покрај воените дејствија, продолжуваат со соработката за најчувствителните прашања – размената на заробеници и телата на загинатите војници, што покажува дека каналите за комуникација не се целосно пресечени.

Интересно е што и Володимир Зеленски претходно го потврди овој застој, директно поврзувајќи го со ескалацијата на Блискиот Исток. По три интензивни рунди преговори од почетокот на годината, сега сите очи се вперени во САД. Прашањето е: кога Белата куќа ќе најде време повторно да седне на масата и дали оваа пауза ќе биде искористена за прегрупирање на силите на теренот наместо за мир?

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo