ПРВ.мк
Свет

Брисел ја одврза кесата: Еве колку пари добива Украина!

Брисел ја одврза кесата: Еве колку пари добива Украина!
Kristal

Европската унија донесе нова голема одлука што директно ќе влијае врз текот на војната и економската стабилност на Украина. Советот на ЕУ официјално одобри заем од дури 90 милијарди евра за Киев, со што се отвора патот средствата да почнат да пристигнуваат веќе во вториот квартал од годинава.

Според соопштението од Брисел, одлуката ја утврдува правната рамка за финансирањето за оваа и следната година, а целта е процесот да се забрза и што побрзо да се постигне договор со Европскиот парламент. За позицијата на Советот гласаа 24 земји-членки.

Претходно, Европскиот парламент веќе даде зелено светло за итни преговори, а уште во декември беше решено парите да се позајмат од меѓународните финансиски пазари, при што заемот ќе го гарантираат само земјите од ЕУ што доброволно ќе учествуваат.

Планот предвидува јасна распределба на средствата: 30 милијарди евра ќе одат за стабилизирање на украинската економија, додека преостанатите 60 милијарди ќе се насочат кон одбраната. Трошењето ќе се врши според стратегија изготвена од украинските власти, со одобрување од Европската комисија и министрите на ЕУ.

Најголемиот дел од воената опрема се очекува да биде набавена од европски компании, како и од држави како Норвешка и Швајцарија, а каматите за заемот ќе ги покрива буџетот на ЕУ.

Според проценките на ММФ, на Украина ѝ се потребни уште над 135 милијарди евра до крајот на следната година. Досега, ЕУ веќе има испумпано повеќе од 193 милијарди евра помош – и очигледно, поддршката не застанува.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo