Албанија се приближува кон членството во Европската унија со отворањето на последните две групи поглавја оваа есен. На 16 септември ќе се одржи меѓувладина конференција за отворање на поглавјето „Зелена агенда“, а процесот ќе заврши на 2 октомври со отворање на „Земјоделство и кохезија“.
Досега, Албанија отвори четири од шест клучни групи поглавја, вклучувајќи ги Основите, надворешни односи, внатрешен пазар и Конкурентност и сеопфатен раст. Според медиумите, најголемиот предизвик сега е нивното затворање, што бара долг процес на консултации и усогласување на законодавството со европските стандарди.
Владата има амбиција Албанија да стане полноправна членка до 2030 година, но комесарката за проширување Марта Кос изрази оптимизам дека тоа може да се случи дури и до 2029 година. Овие чекори ја доближуваат Албанија кон конечната цел – полноправно членство во Европската унија.