Поранешниот украински министер за енергетика Герман Галушченко, кој беше разрешен поради сомнение за корупција, беше уапсен додека се обидуваше да ја напушти земјата, соопштија денес властите во Киев одговорни за борбата против корупцијата.
Според украинските медиуми, Галушченко бил приведен ноќта на 15 февруари додека се обидувал да ја напушти земјата. Според „Украинска правда“ и „РБК Украина“, повикувајќи се на извори во истрагата, службеници од НАБУ и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата го симнале од возот на границата и го привеле.
Истрагите за случај на поткуп од големи размери се во тек, објавија Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП) и Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) на своите канали на Телеграм.
Тие проневериле пари од државна компанија.
Во ноември, украинските антикорупциски истражители подигнаа обвиненија против група наводно корумпирани владини функционери во рамките на потесниот круг на претседателот Володимир Зеленски, тврдејќи дека проневериле пари од државната компанија „Ернергоатом“, која првично требало да гради структури околу енергетските постројки за да ги заштити од непријателски воздушни напади.
Галушченко беше принуден да поднесе оставка од функцијата министер за енергетика поради обвинувањата. Тимур Миндич, близок сојузник на претседателот Зеленски, претходно успеа да избега. Потоа претседателот ја реконструираше владата и го разреши својот влијателен шеф на кабинетот, Андриј Јермак.

















