Тел Авив е преполн со шпекулации откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веќе неколку дена не се огласува на социјалните мрежи. Последните фотографии од него се објавени пред четири дена, а претходно објавуваше видеа речиси секој ден. Недостигот на информации ги поттикна медиумите и интернет-порталите да ширaт теории за можна повреда или дури и смрт на премиерот.
Според некои извори, ноќта меѓу 7 и 8 март, околу приватната резиденција на Нетанјаху била забележана засилена безбедност и посебни мерки за заштита од можни напади со беспилотни летала. Дополнително, одложувањето на посетата на Џаред Кушнер и специјалниот пратеник на Белата куќа Стив Виткоф било поврзано со безбедносната ситуација околу премиерот.
Шпекулациите добија дополнителна сила кога Елисејската палата објави дека францускиот претседател Емануел Макрон имал телефонски разговор со Нетанјаху, но без детали и без прецизирање на времето на контактот.
На социјалните мрежи се појавија и подраматични теории: некои тврдат дека резиденцијата на премиерот во Цезареја била уништена или дека тој е затворен во бункер. Сепак, сите овие информации сè уште се непотврдени и остануваат во доменот на шпекулации.
Ситуацијата создава неизвесност и гласини кои го држат Израел и светот во напнато очекување, додека официјалните институции сè уште не издадоа потврда или демант.


















