Сензационални детали излегуваат на виделина за балистичката ракета која беше соборена над источниот Медитеран. Турски функционери тврдат дека земјата „не била цел“ на иранскиот проектил, кој можеби имал сосема друг краен пункт – база на грчкиот Кипар.
Според дипломатски извори, ракетата, која прелетала над Ирак и Сирија, била пресретната од НАТО системите за воздушна одбрана, но остатоците паднале на турска територија во близина на покраината Хатај. САД, кои имаат воени бази во регионот, засега немаат коментирано.
Турција веднаш повика на разговори ирански амбасадор, изразувајќи протест и предупредувајќи дека секое потенцијално непријателско дејство ќе се соочи со „решителен одговор“. Министерството за одбрана истакна дека нема повредени и дека сите мерки за заштита на воздушниот простор се преземени, но деталите за причините и точната траекторија на ракетата остануваат мистерија.
Овој настан отвора нови прашања за стратегиската позиција на Иран и ризиците по регионот – дали ова беше само несреќна случајност или дел од поголема тактика? Меѓународната заедница внимателно ги следи развојот на ситуацијата, оставајќи многумина да се запрашаат што всушност се случувало зад сцената.


















