ПРВ.мк
Свет

Тензија околу Гренланд: Данска ја одби понудата на Трамп за помош - еве што следи!

Тензија околу Гренланд: Данска ја одби понудата на Трамп за помош - еве што следи!
Kristal

Данскиот министер за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, изјави дека населението на Гренланд нема потреба од странска медицинска помош, а доколку е потребен специјален третман, тој се добива во Данска. Изјавата следи по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека испратил медицински брод на автономната данска територија, каде што отворено искажува интереси.

Данската премиерка, Мете Фредериксен, на Фејсбук истакна дека е „среќна што живее во земја каде што пристапот до здравствена заштита е бесплатен и еднаков за сите, без разлика на осигурување или богатство. Иста е ситуацијата и во Гренланд.“

Претходно, Трамп на Truth Social објави дека испраќа медицински брод „за да се грижи за многуте луѓе кои се болни и не се лекуваат таму“. Во објавата, со слика од бродот „Мерси“ создадена со вештачка интелигенција, тој посочи дека акцијата е во соработка со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, кој е и специјален претставник на САД за Гренланд. Ландри ја сподели сликата и напиша: „На пат е!!!“

Сепак, официјален Копенхаген нема информации дека брод навистина е испратен кон Гренланд, а јавно достапните податоци покажуваат дека двата американски медицински брода, „УСНС Мерси“ и „УСНС Комфорт“, сè уште се во САД. Според „Марин Трафик“, „УСНС Мерси“ моментално се наоѓа во бродоградилиштето во Мобил, Алабама, додека „УСНС Комфорт“ бил таму пред 17 дена. На 23 јануари, бродоградилиштето објави фотографија на двата брода еден до друг за време на ремонт.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo