ПРВ.мк
Свет

500 евра од државата за секое новородено дете: Новиот план предизвика и жестоки критики

500 евра од државата за секое новородено дете: Новиот план предизвика и жестоки критики

Австриската влада планира нова мерка според која секое дете родено во земјата од 2027 година би добивало почетен капитал од 500 евра од државниот буџет.

Станува збор за таканаречен „депозит за иднината“, а правото би важело за сите новороденчиња без оглед на нивното или државјанството на родителите. За мерката се предвидени околу 40 милиони евра за 2027 и 2028 година.

Парите би се инвестирале преку австриски банки и би останале на сметката до полнолетството на детето. Приходите од вложувањето во тој период би биле ослободени од данок на капитална добивка.

Родителите дополнително би можеле да уплаќаат до 5.000 евра годишно. Според владините пресметки, доколку покрај почетните средства редовно се уплаќаат по 25 евра месечно, до 18-годишна возраст би можеле да се акумулираат околу 12.600 евра.

Сепак, предлогот веќе предизвика критики. Дел од економистите сметаат дека најголема корист од даночните олеснувања ќе имаат семејствата со повисоки приходи, бидејќи тие полесно ќе можат редовно да уплаќаат дополнителни средства.

Дополнителен проблем е финансирањето. Австриското Министерство за финансии предупредува дека стартот од 1 јануари 2027 година тешко може да се реализира според сегашниот план и дека сè уште не е обезбедено долгорочно финансирање по 2028 година.

Предлогот предвидува средствата да се вложуваат само во производи со низок ризик, додека криптовалутите и ризичните финансиски деривати би биле исклучени.