Речиси десет милиони жители на Техеран утрово се разбудија под густи црни облаци, откако израелски напади погодиле клучни нафтени складишта во иранската престолнина. Новинарот на Си-Ен-Ен, Фред Плајтген, јавува дека дождот кој паѓал над градот бил темен и загаден со нафта, создавајќи загрижувачка сцена како од апокалипса.
„Може да се види дека дождот е всушност црн – изгледа како да е заситен со нафта. Тоа е она што утрово паѓа врз Техеран, своевиден дожд помешан со нафта, по нападите што се случија“, изјави Плајтген.
Израелската војска соопшти дека нападот го погодил складиштата кои дистрибуирале гориво, меѓу кои и за воени структури во Иран. Според војската, тоа претставува „значаен чекор во продлабочување на штетата врз воената инфраструктура на иранскиот режим“.
Овој напад е дел од ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран, кој во последните денови се прошири со напади и контранапади низ целиот Блиски Исток, додека тензиите во регионов достигнуваат нови, опасни размери.


















