ПРВ.мк
Свет

ИСТОРИСКА ОДЛУКА: Се отвора врата за половина милион мигранти

ИСТОРИСКА ОДЛУКА:  Се отвора врата за половина милион мигранти
Kristal

Шпанската влада донесе одлука што предизвика силни реакции во Европа – започнува процес на легализација на престојот за околу половина милион имигранти. Според властите, мерката има цел да создаде пофер и поодржлив миграциски систем, заснован на почитување на човековите права.

Владината портпаролка и министерка за миграција, Елма Саиз, истакна дека Шпанија свесно избира поинаков пат од рестриктивните политики што ги применуваат дел од западните земји. Новиот модел, како што беше појаснето, треба да им овозможи на луѓето кои веќе живеат и работат во земјата да излезат од „сива зона“ и легално да се вклучат во општеството.

Според усвоената уредба, сите странци кои можат да докажат дека престојувале во Шпанија пред крајот на 2025 година и немаат криминално досие, ќе добијат привремена дозвола за престој со право на работа. По истекот на една година, таа дозвола ќе може да се замени со редовна.

Одлуката е донесена преку владина уредба, откако претходниот обид за законско решение заглавил во парламентот. Опозицијата, предводена од Народната партија и Вокс, остро реагираше, предупредувајќи на можен притисок врз пазарот на труд и социјалните фондови.

Инаку, Шпанија последниве години бележи рекордна имиграција. Речиси една петтина од населението е родено надвор од земјата, а најбројни се доселениците од Мароко, Латинска Америка и Источна Европа.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo