ПРВ.мк

Путин испрати сериозна критика до Западот, па ги нарече "идиоти"

Путин испрати сериозна критика до Западот, па ги нарече "идиоти"
Jumbo Banner

Путин по новите санкции од ЕУ: „Идиоти – влегуваат во рецесија само за да ѝ наштетат на Русија“

Рускиот претседател Владимир Путин остро ги коментираше новите санкции на Европската Унија против Русија, оценувајќи дека со нив земјите од Западот си нанесуваат повеќе штета на себе отколку на Москва.

На состанок со членови на деловната асоцијација „Бизнис Русија“, Путин изјави дека е изненаден од одлуките на европските лидери, кои според него ја жртвуваат економската стабилност на своите земји во обид да ѝ наштетат на Русија.

„Изгледа како да немаат намера да го сторат тоа, бидејќи свесни се дека ќе си наштетат. Но сепак го прават – идиоти. Простете ми за изразот, но што друго може да се каже? Водечките светски економии влегуваат во рецесија само за да ја погодат Русија“, рече Путин.

Коментарот доаѓа откако Европската Унија го одобри 17-от пакет санкции насочен кон Русија. Новиот сет мерки опфаќа речиси 200 бродови од таканаречената „флота во сенка“ – кои се користат за транспорт на руска нафта заобиколувајќи ги забраните – како и 30 компании и 75 поединци и субјекти поврзани со руската воено-индустриска инфраструктура.

Европските власти истакнуваат дека новите санкции имаат за цел да го ограничат капацитетот на Русија да продолжи со воените активности во Украина и да изгради мрежа заобиколувајќи ги меѓународните ограничувања.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран