ПРВ.мк
Спорт

(Видео) Сан Сиро експлодираше: Интер го скрши Јувентус во финишот на најлудото Дерби д’Италија оваа сезона

(Видео) Сан Сиро експлодираше: Интер го скрши Јувентус во финишот на најлудото Дерби д’Италија оваа сезона
Kristal

Фудбалска драма каква што ретко се гледа ја одбележа пресметката меѓу Интер Милано и Јувентус, натпревар што понуди сè – голови, тензија, контроверзија и спектакуларен крај што ги крена навивачите на нозе.

Иако „старата дама“ остана со играч помалку уште во првото полувреме, тоа не ја скрши нејзината борбеност. Интер постојано напаѓаше, ја притискаше одбраната и трпеливо ја чекаше шансата што конечно дојде во 76. минута. По одлична акција по левата страна, Димарко испрати совршен центаршут, а младиот Франческо Пио Еспозито со префинет лоб со глава донесе водство од 2:1.

Кога изгледаше дека бодовите остануваат во Милано, Јувентус удри како од ведро небо. Во 83. минута, Мануел Локатели со силен и прецизен удар од далечина ја замолкна „Меаца“ и ја врати неизвесноста – 2:2.

Но вистинскиот херој допрва стапи на сцена. Во самиот финиш, Пјотр Зјелински се избори за простор, шутираше низ нозете на противникот и ја измами одбраната за гол што предизвика еуфорија на трибините.

Интер со оваа победа испрати силна порака во трката за врвот, додека Јувентус си замина со крената глава по една од највозбудливите вечери во италијанскиот фудбал оваа година.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo