Кошаркарите на Денвер на домашен терен го совладаа Милвоки (127:117), а по пет пропуштени натпревари на теренот беше и Никола Јокиќ. Лос Анџелес Лејкерс на звукот на сирената ја совлада Индијана Пејсерс (120:119).
Јокиќ натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок, 39 поени, 10 скока, 10 асистенции и три загубени топки.
Погоди 16/25 од поле, 3/6 од три, и 4/7 од линијата за слободни фрлања.
Мајкл Портер Џуниор додаде 23 поени, 10 скока и четири асистенции, Кристијан Браун 19 поени, 10 скока и шест асистенции, а Џамал Мареј 17 поени, шест асистенции и четири скока.
Бакс беа ослабени со отсуството на Јанис Адетокумбо (повреда на стапалото) и Демијан Лилард (ја заврши сезоната поради тромбоза), а најефикасен беше Брук Лопез со 26 поени, седум скока и три асистенции.
Леброн Џејмс, погоди со звукот на сирената, а Лејкерис славеа победа над Индијана 120:119. Џејмс од „одбојка“ го поправи промашувањето на Лука Дончиќ и така во последната секунда му донесе победа на својот тим.
Лука Дончиќ беше најефикасен на теренот со 34 поени, седум скока и исто толку асистенции. Остин Ривс уфрли 24 поени.
Матурин беше најефикасен кај Индијана со 23 поени и пет скока. Тајрис Халибартон додаде 16 поени и 18 асистенции, а идентичен поентерски учинок имаа и Ендрју Небхарт и Мајлс Тарнер.
Резултати:
Филаделфија – Вашингтон 114:119
Бруклин – Торонто 86:116
Њујорк – ЛА Клиперс 113:126
Феникс – Бостон 102:132