Вечерва во Париз ќе се дознае кој ќе му биде противник на Интер во финалето на Лигата на шампионите. ПСЖ, со предност од 1:0 од првиот натпревар, го пречекува Арсенал на „Паркот на принцовите“ во реваншот од полуфиналето.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изрази уверување дека неговиот тим има сили да направи пресврт. „Одиме по победа. Ако сакате финале или титула, мора да направите нешто извонредно“, изјави тој, додавајќи дека верува во тимот и повторна добра игра како во Лондон, освен првите 15 минути.
На другата страна, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, предупреди дека ги чека тежок меч, но е задоволен од менталитетот на тимот. Бекот Ашраф Хакими истакна дека ПСЖ сака да им покаже на навивачите за што е способен и да го оствари сонот – пласман во финалето.
И двата тима загубија во своите последни натпревари во првенствата, а ниту еден од нив досега не ја освоил Лигата на шампионите, иако по еднаш биле во финале. Финалниот натпревар ќе се одигра на 31 мај во Минхен.
Дали Арсенал ќе направи подвиг или ПСЖ ќе го потврди пласманот? Се ќе биде јасно вечерва.