ПРВ.мк
Спорт

Огромна заработка за клубовите: Ова е сумата која ќе ја плаќа ФИФА дневно за секој играч на Мундијалот

Огромна заработка за клубовите: Ова е сумата која ќе ја плаќа ФИФА дневно за секој играч на Мундијалот

Фудбалските клубови ширум светот ќе поделат фонд од 355 милиони долари што го обезбеди Светската фудбалска федерација (ФИФА) за играчите кои ќе настапат на претстојното Светско првенство, како и за оние што учествувале во квалификациите.

Според објавените информации, клубовите ќе добиваат околу 5.000 долари дневно за секој фудбалер кој ќе биде дел од Мундијалот. На завршниот турнир ќе настапат вкупно 1.248 играчи во составите на 48 репрезентации.

За првпат ќе бидат наградени и клубовите чии фудбалери настапувале во квалификацискиот циклус. За секој одигран квалификациски натпревар ќе се исплаќаат по 2.360 долари на клубот во кој играчот бил регистриран во тој период.

Од оваа програма ќе можат да профитираат илјадници клубови од целиот свет, со оглед на тоа што во квалификациите учествуваа 209 репрезентации и беа одиграни 905 натпревари.

Најголема заработка се очекува да остварат европските великани со најмногу репрезентативци на Светското првенство. Англискиот шампион Манчестер Сити има 19 играчи на турнирот, германскиот Баерн Минхен 18, додека Пари Сен Жермен и Арсенал ќе бидат претставени со по 16 фудбалери.

Од вкупниот фонд, 250 милиони долари се наменети за клубовите чии играчи ќе настапат на Светското првенство, 100 милиони долари за оние чии фудбалери играле во квалификациите, а преостанатите пет милиони долари ќе бидат искористени за административни трошоци.