ПРВ.мк

Македонија со победа ги започна квалификациите за пласман на СП

Македонија со победа ги започна квалификациите за пласман на СП
VERO Banner

Македонија со убедлива победа во Лихтенштајн ги започна квалификациите

Фудбалската репрезентација на Македонија успешно ги отвори квалификациите за Светското првенство, совладувајќи го Лихтенштајн со 3:0 на стадионот „Рајн Парк“ во Вадуц. Ова е шести последователен натпревар во кој Македонија не примила гол, а голманот Столе Димитриевски го продолжи својот рекорд, не примајќи погодок цели 621 минута.

Македонските фудбалери ја остварија целта со сигурна победа и зачуваа енергија за следниот натпревар, кој ги очекува за три дена.

Резултатот го отвори Александар Трајковски во 7. минута, кога по нафрлување на Бојан Миовски, со глава ја испрати топката во мрежата. Ова беше негов шести гол против Лихтенштајн и 22. во дресот на репрезентацијата.

Предноста ја зголеми Висар Муслиу во 42. минута. По корнерот на Енис Барди, Аријанет Алими ја префрли топката во петерецот, а Муслиу со прецизен волеј ја смести во мрежата.

Македонија ја запиша првата победа во квалификациската група Ј.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран