ПРВ.мк

Повик за солидарност од Македонски Концепт: Поддршка за Македонија е поддршка за Кочани

Повик за солидарност од Македонски Концепт: Поддршка за Македонија е поддршка за Кочани
VERO Banner

 Драги сограѓани,

 Во овие тешки денови, кога нашата земја се соочува со болката од трагедијата во Кочани, ве повикуваме да се обединиме во знак на солидарност и поддршка за жртвите и нивните семејства. На 25 март ( вторник ), на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Велс, кој започнува во 20:45 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, ве повикуваме да присуствувате и заедно да испратиме порака на единство, хуманост и почит кон оние кои ги загубивме, како и кон оние кои се борат да ја надминат оваа катастрофа.

 Дополнително, сакаме да ве информираме дека согласно соопштениетоизнесено од ФФМ, секој приход од продажбата на влезниците за овој натпревар ќе биде наменет за помош на Кочани – за поддршка на жртвите, обновата и ублажувањето на последиците од трагедијата. Со нашиот придонес, не само што ќе покажеме солидарност, туку и ќе дадеме конкретна помош таму каде што е најпотребна.

Нека нашето присуство биде симбол на заедништвото и силата на македонскиот дух. Со почит кон минатото и надеж за иднината, да покажеме дека сме тука еден за друг во најтешките моменти.

Ве очекуваме на 25 март во 20:45 часот – за Кочани, за Македонија, за сите нас.

Центар за комуникации и анализи

Македонски Концепт

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран