ПРВ.мк
Спорт

Хуманост над сè: Првенствен дуел со Охрид со мисија поголема од резултатот

Хуманост над сè: Првенствен дуел со Охрид со мисија поголема од резултатот
Kristal

Оваа недела салата нема да биде само арена за спортска пресметка, туку и место каде што ќе се покаже вистинската сила на заедништвото. Во рамки на второто коло од плејофот, нашиот тим ќе го одигра првенствениот натпревар против ГКК Охрид, но овојпат победата нема да се мери само со поени на семафорот.

Натпреварот има и хуманитарен карактер. Средствата од продадените билети, како и донациите собрани преку специјално поставената кутија во салата, ќе бидат наменети за помош на малата Ана и семејството Јованчеви – блиски пријатели и долгогодишни соработници од КК Вардар, кои водат многу поважна и потешка битка од било кој спортски дуел.

На теренот, тимот ќе се соочи со амбициозниот состав на ГКК Охрид, кој атакува на пласман во ТОП 4. Дополнителен мотив за публиката ќе биде и домашното деби на новото американско засилување, Зион Јанг, кој за првпат ќе настапи пред велешката публика.

Во недела, на Прочка, Велес има можност да покаже дека спортот е повеќе од игра – дека е подадена рака, поддршка и солидарност. Да победиме сите заедно.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape