Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари победа на стартот од квалификациите на ИТФ турнирот во Пореч, Хрватска. Тој во првата рунда од квалификациите денеска го совлада Макс Батјутенко од Казкстан со 2-0 во сетови (76(2) 62).
Утре во втората квалификациска рунда Ивановски ќе игра против Марко Николиќ од Србија, кој со 2-0 во сетови (75 76(1) го победи Матиес Торес Рамис од Шпанија. Турнирот „Истраска Ривиера“ се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено на земјена подлога.
Настап во следниот период го очекува и Горазд Србљак. Тој настапува на ИТФ турнирот во Аламинос, Кипар. Турнирот се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено и на земјени терени.
Во првата квалификациска рунда Србљак беше слободен, а утре во второто коло од квалификациите ќе игра против Британецот Кристијан Дел, кој со 2-0 во сетови (64 62) го совлада Метју Безденхот од Кипар.