ПРВ.мк

Висар Ганиу: Сезонските работници ја одржуваат хигиената во Чаир

Висар Ганиу: Сезонските работници ја одржуваат хигиената во Чаир
Jumbo Banner

Сезонските работници на Општина Чаир вчера реализираа акција за чистење на неколку улици во општината, со што дадоа значаен придонес кон одржувањето на јавната хигиена. Исчистени беа улиците Георги Поп Христов, Никола Малешевски, Дервиш Хима и Емин Дураку.

Градоначалникот Висар Ганиу истакна дека ангажманот за почиста и поуредена животна средина ќе продолжи со секојдневни активности, со цел создавање подобри услови за жителите на Чаир.

„Нашата посветеност на хигиената и уредноста на јавните простори е дел од секојдневните активности на Општината. Ќе продолжиме со вакви акции, за да обезбедиме поквалитетен и поздрав живот за сите граѓани,“ порача Ганиу.

Општина Чаир најавува дека ваквите акции за чистење ќе продолжат и во наредниот период, во рамки на заложбите за подобра урбана средина.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран