ПРВ.мк
Скопје

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА: Повеќе повредени кај клучка Приштина!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА: Повеќе повредени кај клучка Приштина!

На скопската обиколница кај клучка Приштина се случила тешка сообраќајна несреќа во која се повредени повеќе лица, од кои двајца потешко.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, несреќата се случила помеѓу патничко возило „БМВ“ и „Мерцедес“, двете со скопски регистарски ознаки, управувани од млади возачи.

Во судирот, двајца сопатници се здобиле со тешки телесни повреди, додека повеќе други лица, меѓу кои и возачите, се повредени полесно. Повредените биле пренесени и згрижени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ Скопје.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се работи на утврдување на причините за сообраќајката.